Уни банка со позитивни резултати

Bez autora
Aug 12 2010

Уни банка во првите шест месеци годинава оствари 11,1 милиони денари добивка, а и во вториот квартал покажува позитивни резултати од работењето. Како што соопшти банката, вкупните банкарски приходи, од камати, провизии и курсни разлики, изнесуваат 1,3 милијарда денари, што претставува пораст од 34,89 отсто во споредба со јуни 2009 г., додека нето-активите достигнуваат 9,4 милијарди денари или 7,7 проценти повеќе во споредба со истиот месец лани. Депозитите на клиенти бележат 13,81 отсто пораст, од 6,3 на 7,2 милијарди денари. Каматните нето-приходи, вклучително и провизиите при одобрување кредити, во споредба со вториот квартал од 2009 година се намалени од 180 милиони денари на 158 милиони денари, или за 13,02 проценти. Споредено со истиот период лани, нето-приходите од провизии, надомести и курсните разлики се намалени од 57,1 милион денари на 54,5 милиони, или за 5,04 отсто...

Уни банка со позитивни резултатиУни банка во првите шест месеци годинава оствари 11,1 милиони денари добивка, а и во вториот квартал покажува позитивни резултати од работењето.

Како што соопшти банката, вкупните банкарски приходи, од камати, провизии и курсни разлики, изнесуваат 1,3 милијарда денари, што претставува пораст од 34,89 отсто во споредба со јуни 2009 г., додека нето-активите достигнуваат 9,4 милијарди денари или 7,7 проценти повеќе во споредба со истиот месец лани.

Депозитите на клиенти бележат 13,81 отсто пораст, од 6,3 на 7,2 милијарди денари. Каматните нето-приходи, вклучително и провизиите при одобрување кредити, во споредба со вториот квартал од 2009 година се намалени од 180 милиони денари на 158 милиони денари, или за 13,02 проценти. Споредено со истиот период лани, нето-приходите од провизии, надомести и курсните разлики се намалени од 57,1 милион денари на 54,5 милиони, или за 5,04 отсто.

Изминатата година се зголемени и бројот на клиенти за 9,24 отсто, како и вкупниот број издадени картички за 9,3 отсто, соопшти Уни банка.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik